На кумановските улици ноќеска фатени 16 пијани возачи

29.01.2022 14:57 | Сузана Николиќ

Во Куманово казнети се 16 возачи затоа што возеле во алкохолизирана состојба.

На кумановските улици ноќеска фатени 16 пијани возачи

„Во периодот од 22.00 до 03.00 часот на територија на СВР Куманово спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 16 возачи“, информираат од МВР.

Од полицијата информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk