На неколку пункта во градот се собира помош за поплавените

09.08.2016 16:51 | KumanovoNews

На неколку пунктови во градот кумановци собираа хуманитана помош за настраданото население во поплавите во скопскиот регион.

На неколку пункта во градот се собира помош за поплавените

Покрај граѓанската иницијатава „Куманово за Скопје„ во соработка на Црвен Крст кои се лоцирани на влезот во поранешниот Комитет и на Градскиот плоштад, свој штанд во ТЦ СУМА постави здружението Крепост, а помош собираат и политичките партии во градот.

Акцијата трае веќе трет ден а ќе продолжи и во наредните денови. Она што најмногу го носат граѓаните се вода, храна, хигиенски сретства, бебешка храна и памперси. Облека не земаме, бидејќи настојуваме да се сконцентрираме на она што ни е најпотребно во моментот. Имаме и кутија за парична донација, бидејќи постарите кои неможат да носат најчесто оставаат пари колку што се во можност. Ги потикнувам сите граѓани на Куманово, како што се ангажиравме за Србија и Босна, повторно да се ангажираме за нашите луѓе во скопско и тетовско, да им помогнеме колку што можеме, - изјави Магдалена Бошковска, волонтер.

Невладината организација Крепост во соработка со менџментот на трговскиот центар СУМА, организирае дводневна хуманитарана акција на влезот во трговскиот центар.

Имаме морална обврска и должност да учествуваме во оваа акција. Таа се одвива во три дела: продажба на маици со логото на Крепост по симболична цена од 200 денари, собирање на парични сретства и собирање на прехрамбени производи, вода и сретства за хигиена. Акцијата ќе трае од 9 до 20 часот, - вели Христијан Георгиевски, претседател на Крепост.

Општинската организација на Социјалистичката партија на Македонија обезбеди поголема количина вода и храна, која денеска ќе биде доставена на еден во собирните пунктови во Скопје.

Несомнено е дека поплавите што се случија завчера се едни од поголемите катастрофи и потешкотии со кои се соочува нашиот народ. Во овие исклучително тешки момнети СПМ ги повикува сите граѓани заедно и сплотено почитувајќи ги инструкциите на надлежните институции да дадеме допринос во надминување на последиците од природната катастрофа што ја зафати нашата земја“, -изјави Жарко Милошевски, член на оо СПМ.

Штанд на плоштадот има и ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ помошта ја собира во партиските простории.

Од Иницијативниот одбор информираат дека формирале екипа од доброволци кои ќе помогнат во расчистувањето на поплавените подрачја. Поплавените села вчера ги посети и градоначалникот Зоран Дамјновски.

Од завчера на терен се неколку екипи на јавните претпријатија и пожарната единица од општината, кои со возила, цистерни и пумпи, ја исцрпуваат водата од поплавените куќи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk