На „Октомвриска“ автомобил удрил во жардиниера, па се превртел на кров

01.06.2020 09:33 | KumanovoNews

 Пасат со кумановски регистерски таблички, вчера попладне удрил во жардиниера и се превртел на кров, на булеварот „Октомвриска револуција“, во близина на зеленото пазарче.

На „Октомвриска“ автомобил удрил во жардиниера, па се превртел на кров

Од МВР велат дека возачот бил сам во автомобилот и се здобил со лесни телесни повреди.

„Несреќата се случила во 19.15 часот, на раскрсницата на улиците „Октомвриска револуција“ и „Иво Лола Рибар“, кога пасат со кумановски таблички излетал од коловозот и удрил во жардиниера“, - велат од МВР.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Куманово, по што ќе се знаат причините за сообраќајката.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk