На осум локации во градот ќе се постават подземни контејнери

13.10.2020 10:49 | KumanovoNews

Општина Куманово ќе постави подземни контејнери на осум локации, за да го подобри квалитетот на депонирање и изнесување на смет од градот.

На осум локации во градот ќе се постават подземни контејнери

Во тек е тендерска постапка за избор на фирма која ќе ги набави контејнерите, па се очекува опремата да стигне до крајот на годината.

- Станува збор за најмодерни, полуподземни контејнери, со голем капацитет за складирање на комунален отпад и големи поедноставни во одржувањето. Предвидено е овие контејнери да се постават на 8 локации во градот, тоа ќе бидат локации коишто ќе ги дефинира Советот на Општина Куманово. Ќе се даде приоритет на централното градско подрачје и да видиме каков ќе биде реланиот ефект од нив, - изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

 Се очекува дека една од придобивките од овие контејнери ќе биде тоа што возилата на ЈП „Чистота и зеленило“ ќе собираат поголема количина на смет за пократок период и со што ќе се намали интензитетот на движење на возилата низ градот, кои често го попречуваат сообраќајот.

Искуствата во градовите во Србија, Бугарија, Грција од ваквите контејнери се многу позитивни, велат недлежните.

Тендерската постапка за набавка на подземни контејнери беше започната во јуни, но поради технички проблеми тендерот е поништен, а сега повторо е во тек.

(Фото: Пакомак)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk