Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вчера во периодот од 16.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на целата држава.
Притоа санкционирани се 157 возачи. Од нив 41 на територија на СВР Куманово, по 34 на територија на СВР Битола. За време на контролата санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.
"На подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 57 возачи. Од нив, 38 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол и 19 за управување возило без возачка дозвола. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта", соопшти МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk