На полигонот во касарната „Карпош“ ќе се одржи воена вежба, информираат од АРМ

23.04.2019 07:45 | KumanovoNews

Методско нагледна вежба денеска и утре ќе се оддржи на полигонот во поранешната касарна „Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово.

На полигонот во касарната „Карпош“ ќе се одржи воена вежба, информираат од АРМ

Од АРМ ја информираат јавноста дека вежбата ќе се оддржи од 9 до 15 часот, а ќе се користи и маневарска муниција и артифиции, па да не се вознемируваат граѓаните.  

„Во рамките на нашите плански активности, а со цел реализација на реалистична обука со нашите припадници на ден 23 и 24.04.2019 година, на тактичкиот полигон во поранешната касарна „Христијан Тодоровски Карпош“, веднаш до касарната „Боро Менков“ планираме да подготвиме и реализираме методско нагледна вежба. За време на подготовката и на самата вежба ќе биде користена маневарска муниција и артифиции, - стои во соопштението од Регионалниот центар за управување со кризи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk