На полноќ започнува изборниот молк

12.07.2020 21:31 | KumanovoNews

 Вечерва на полноќ почнува изборниот молк за предвремените парламентарни избори.

На полноќ започнува изборниот молк

Утре ќе гласаат позитивните на ковид-19 и лицата во изолација, а во вторник правото на глас ќе го остварат болните и изнемоштените.  Во Куманово ќе гласаат  31 лице заболено со корона вирус или во самоизолација.

Вo среда, кој е прогласен за неработен ден, избирачките места ќе бидат отворени од 7 до 21 часот.

Парламентарните избори в среда се десетти по ред. Се одржуваат под посебни протоколи и мерки за заштита од коронавирусот. Гласачите на избирачките места мора да носат заштитни маски и да ги дезинфицираат рацете пред и после гласањето.

Во Општина Куманово, на парламентарните избори, право на глас имаат околу 86.000 граѓани, а ќе се гласа на 167 избирачки места.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk