Лежечки полицајци ќе се постават на повеќе улици во Куманово

26.02.2025 11:03 | KumanovoNews

Општина Куманово во наредниот период ќе постави лежечки полицајци на повеќе улици во градот и во приградските населби.

Лежечки полицајци ќе се постават на повеќе улици во Куманово

Одлуката ја донесе Советот по добиена согласност од МВР. 

„Процедурата е целсосно завршена, изготвена е проектна документација.Во меѓувреме е распишан тендер и изберена е фирма за изработка и поставување на препреките. Лежечки полицајци ќе се потават на 9 улици, на по две до три места. Тоа се улиците: Народна револуција, Тодор Велков, Никшиќка, Благој Илиевски Гуне,  Веселин Маслеша,  Белановска, Студена Вода, 100 во нас. Карпош и на улица во Горно Којнаре“, кажа раководителката  на секторот за комунални работи Лидија Ланг - Спасовска.

Препреки за забавено движење на возилата ќе се постават и на други улици, за кои од порано имало согласност од Советот, но немало фирма да ги постави.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk