На предбрачно советување само малолетници

08.02.2013 14:46 | KumanovoNews

  Во Центарот за социјални работи во Куманово на предбрачно советување одат само малолетни лица.

На предбрачно советување само малолетници

Почнувајќи од 2007 година па наваму во Центарот годишно доаѓаат по дваесетина малолетници, на кои им се објаснуваат што ги чека во брачната заедница.

Ние им објаснуваме кои се улогите на идните сопружници, со кои обврски ќе се соочат, проблеми кои може да се јават и да доведат и до распад на бракот.Доколку партнерот е полнолетен, а партнерката е малолетна повеќе се обрнува внимание на него, да биде толерантен кон сопругата бидејќи таа уште нема оформен карактер. Младите не треба многу млади да стапуваат во брак, треба да си го изживеат детството - вели Сузана Митровска, психолог во Центар за социјални работи Куманово.

Обврската за задолжително предбрачно советување на сите возрасти било укинато поради многуте работни обврски и технички проблеми во Центрите за социјални работи.

Ако имаат воља идните сопружници можат и сега да дојдат и да видат што ги чека, доколку сакаат да случат брак. Едни се проблемите кога младите се забавуваат, други се потребите и обврските што ги имаат брачните партнери во заедница - доадава Митровска.

Психологот објаснува дека младите во училиште треба да се едуцираат каква заедница е бракот и кои обврски ги очекуваат во иднина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk