Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советот на општина Куманово може да расправа за случајот со директорот на Кумановската гимназија и инцидентот на протестот „За заедничка Македонија“, на редовна седница која ќе се одржи наредната среда на 5 април, доколку за тоа се поднесе точка на дневен ред.
Ова денеска го соопшти претседателот на Советот Александар Арсиќ, откако се договориле со координаторите на советничките групи, а по барањата на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за свикување на итна седница на советот заради двата немили настани.
„Претходната недела неколку пати беше побарано преку медиумите свикување на итна и вонредна седница на која ќе се расправа за неодамнешните случувања во општината. Барање за свикување на било каква седница не е поднесено од ниту еден советник. Затоа денеска свикав координација со цел потребите на поедини советници да бидат реализирани согласно законите, статутот и деловникот за работа на советот. Донесовме заклучок дека на редовната седница која ќе се одржи на 5. април, секој советник има право дневниот ред да го надополни со нова точка за кој смета дека советот треба да расправа. На овој начин ќе се овозможи расправа за било кое прашање кое е од интерес на граѓаните, но во исто време ќе бидат запазени сите законски регулативи по кои работи советот, - изјави Арсиќ на прес-конференција.
Согласно член 30 од Статутот на Општина Куманово, вонредна седница се свикува за прашање од значење на безбедноста и сигурноста на граѓаните, за прашања кои настанале поради вонредни околности и при посета на делегација или висок фунцкионер од друга земја, кога истите сакаат да се обратат до членовите на советот. Од тука е констатирано дека нема оправданост за свикување на вонредна седница.
Седниците ги свикува претседателот на Совет на своја иницијатива, на барање на градоначалникот или на барање на најмалку една четвртина од членовите на советот, најдоцна во рок од 15 дена од денот на негово поднесување.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk