На скопскиот аерoдром од денеска до ноември три часа порано за чекирање на багажот

09.10.2023 08:20 | KumanovoNews

Патниците кои ќе ги користат авионските услуги на Меѓународниот аеродром Скопје, од  денеска до крајот на ноември треба да пристигнат три часа пред летот за да го чекираат багажот. 

На скопскиот аерoдром од денеска до ноември три часа порано за чекирање на багажот

Од „ТАВ Македонија“ во петокот информираа дека авиокомпанијата ќе врши надградба на системот за багаж.

„Почнувајќи од 9-ти октомври понеделник, па до крајот на ноември 2023 година, односно во период од два месеци, на Меѓународниот аеродром Скопје ќе се врши надградба на системот за ракување со багаж. Затоа, апелираме до сите вас коишто ќе патувате во наведениот временски период преку Меѓународниот аеродром Скопје, да пристигнувате на аеродромот, односно на шалтерите за пријавување патници и багаж, три часа пред планираното време на полетување на вашиот лет“, стои во соопштението. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk