На Спомен костурницата одбележан Денот на победа врз фашизмот

09.05.2017 15:26 | KumanovoNews

На Спомен-костурницата на паднатите борци од НОБ, денеска беше одбележан Денот на победа врз фашизмот и Денот на Европа- 9. мај.

На Спомен костурницата одбележан Денот на победа врз фашизмот

Почит оддадоа и цвеќе положија претставници од локалната самоуправа, Сојузот на борците, АРМ, СВР Куманово, политички партии, јавни установи и институции.

 Пред присутните се обрати градоначалникот Зоран Дамјановски кој истакна дека денеска се одбележуваат два значајни настани кои имаат заедничка симболика, а тоа е борбата против фашизмот која е борба за слобода и просперитет на народите обединети во Европската унија.

 „Учеството на борбено Куманово во тој значен период е од големо значење. Тоа е нешто што и денес не потикнува да истраеме во напорите за зачувување на слободата за праведно и современо општество. Нашата историја ни остави вечен идеал-заедништво и слога меѓу сите народи, а најдобар пример за тоа е терористичкиот акт кој се случи пред две години на денешен ден, а кој не успеа да направи раздор и судир меѓу граѓаните на Куманово од различна национална припадност. Убеден сум дека ваквиот однос моите сограѓани ќе го негуваат и во иднина, секогаш кога некој ќе се обиде да направи меѓунационален судир на нашето подрачје нема да успее, - рече во своето обраќање Дамјановски.

 Тој истакна дека една од примарните цели на Македонија е патот кон ЕУ заради подобра иднина на граѓаните, но и владеење на правото, економски раст, слобода на говор и човекови права и слободи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk