На Спомен костурницата одбележана 80-годишнината од ослободувањето на Куманово

11.11.2024 15:56 | KumanovoNews

На Спомен Костурницата во Куманово денеска беше одбележана 80 - годишнината од Денот на ослободување на Куманово. Со полагање на свежо цвеќе им беше оддадена почест на загинатите борци во Втората светска војна.

На Спомен костурницата одбележана 80-годишнината од ослободувањето на Куманово

Пред присутните се обрати Цоки Ристовски, претседател на Сојузот на борците Куманово кој потсети на историските факти и деталите кои се однесуваат на Денот на градот.

„Одбележувањето на државните празници и одавањето на чест на сите наши претходници вградени во слободата и државноста се мал дел од нашата должност кон нашето достоинствено минато. Овие празници имаат за цел да ја обноват колективната меморија и да потсетат за катастрофите низ историјата, но пред се да го подигнат чувството на гордост“, истакна Ристовски пред присутните, инаку претседател на Сојузот на борците Куманово.

На свеченоста присуствуваа делегации од Општина Куманово, делегации на амбасади, на збратимените градови, политички партии, јавни претпријатија и установи, членови на здруженија на граѓани и невладини организации, како и членови на семејствата на загинатите борци. 

Химната ја изведе Градската музика, а Дарија Трендефиловска од средното училиште „Наце Буѓони“ ја изрецитира „Везилка“ на Блаже Конески.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk