На Стража изгоре возило на кумановска фирма

14.09.2017 17:14 | KumanovoNews

Изгоре теренско возило „Ивеко“, сопственост на приватна фирма од Куманово на бензинска пумпа на превојот Стража.

На Стража изгоре возило на кумановска фирма

Пожарот се случил синоќа во 22.15 часот, откако возачот В.Б.(32) од Куманово, застанал да наточи гориво.

Огнот  се појавил во долниот дел на моторот, а од страна на вработените возилото било истуркано надвор од бензинската пумпа. Веднаш потоа пожарот го зафатил целото возило. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Гостивар, пожарот бил изгаснат.

Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициска станица Гостивар. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk