На Студена Вода првомајски пикник по петти пат

17.04.2013 08:24 | KumanovoNews

   На 1 мај во местото Студена Вода ќе се организира првомајски пикник со културно - уметничка програма.

На Студена Вода првомајски пикник по петти пат

Тоа е традиција која датира уште од Втората светска војна. Тогаш граѓаните на 1 мај се собирале во месноста Студена Вода. Сите подготовки за оваа година се завршени. Ние сакаме таа традиција да продолжи. За организирање на овој настан пресудна е финансиската поддршка од локалната самоуправа. За граѓаните има бесплатен превоз од пред Комитет и од булевар “Октомвриска револуција“ во 10.30 часот  - вели Киро Соларски, од здружението “Коледари“.

Тој вели дека пикникот се организира пета година по ред, а доаѓаат по 3000 луѓе.

Настанот го организира Асоцијација на невладини организации од Куманово под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk