На Табановце Бугарин фатен со 22 кила марихуана

15.04.2016 13:27 | KumanovoNews

Близу 22 килограми марихуана пронашле царинските службеници при контрола на возило на бугарски државјанин на граничниот премин Табановце на излез од државата.

На Табановце Бугарин фатен со 22 кила марихуана

Синоќа во 23.20 часот, при детална контрола на возилото со помош на царинско куче, во долниот дел од возилото кај резервната гума, во резервната гума под предните калници, во вратата од багажникот и под пластиките од задните седишта пронајдени се 40 опаковки обвиткани со леплива трака и алуминиумска фолија. Опаковките биле исполнети со зелена тревкаста материја. По извршено мерење и тестирање со тестер за дрога, констатирано е дека се работи за 21,7 килограми марихуана.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk