На Табановце дошле 500 мигранти, само 300 заминале во Србија

29.02.2016 16:33 | KumanovoNews

 Околу 200 мигранти останалa денеска во граничниот појас помеѓу Македонија и Србија, откако српските погранични служби ја затвориле границата и не ги пуштиле да влезат на нивна територија.

На Табановце дошле 500 мигранти, само 300 заминале во Србија

 Успејале да поминат само 300 мигранти, од вкупно 500 кои пристигнале предпладнево во Македонија. Како што онформираат од Транзитниот центар Табановце неизвесно е дали српските власти ќе ја сменат одлуката и ќе ги пропуштат беглаците или тие ќе се вратат на македонска територија. И вчера една група од Сирија биле вратена од северниот сосед иако ги поседувале  потребните документи.

 Поради променливото време се повеќе мигранти бараат медицинска помош. Завчера шест лица биле пренесени во кумановската болница. Несреќните луѓе добиваат топла облека и храна, но тие бараат да продолжат кон западно европските земји.

Во транзитниот центар Табановце престојуваат околу 780 мигранти и доколку се вратат и тие 200 лица од меѓуграничниот пеостор, капацитетот во кампот ќе биде целосно пополнет.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk