На Табановце фатено лице барано по потерница

08.08.2016 14:15 | KumanovoNews

На граничниот премин Табановце фатено е лице кои се наоѓало на потерница заради издржување на затворска казна.

На Табановце фатено лице барано по потерница

Вчера во 9.30 часот при пасошка контрола било утврдено дека А.Д.(36) од с.Липково е предмет на потрага за издржување казна затвор во траење од еден месец и 15 дена за сторено кривично дело „недозволено држење оружје или распрскувачки материи“. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk