На Табановце камионите ќе минуваат побргу, постигнат договор за признавање на кантарски белешки помеѓу Македонија и Србија

17.01.2024 14:05 | Оливера Пешевска

Од 1 фебруари ќе стапи на сила договорот меѓу царинските управи на Македонија и Србија за меѓусебно признавање на кантарските белешки, односно камионите кои превезуваат стока ќе се мерат само еднаш. Истата мерка ќе се однесува и на товарните возила кои транзитираат низ двете држави.

На Табановце камионите ќе минуваат побргу, постигнат договор за признавање на кантарски белешки помеѓу Македонија и Србија

Потпишан е Меморандум за признавање на белешките од мерење на царинските терминали меѓу директорите на Царинска управа Стефан Богоев и Царинска управа на Србија, Бранко Радујко.

„Товарните возила на влез и на излез се мереле два пати, еднаш во Македонија и еднаш во Србија, а со потпишување на денешниот Протокол за признавање на т.н кантарските белешки овие товарни возила ќе се вагаат само еднаш. За компаниите тоа ќе значи заштеда на време и пари“, истакна Богоев.

Заклучно со ноември 2023 година трговската размена со Србија изнесува скоро 986 милиони евра, при што извозот е 365,9 милиони евра и има зголемување од 2,9 проценти повеќе од претходната година. Притоа целиот увоз, извоз и транзит се одвива преку граничниот премин Табановце на кој минатата година на влез се евидентирани речиси 140 илјади товарни моторни возила, а на излез 170 илјади камиони.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk