На Табановце мирно и без инциденти

03.03.2016 10:35 | KumanovoNews

 Состојбата во Транзитниот центар Табановце е мирна и нема никакви проблеми со мигрантите.

На Табановце мирно и без инциденти

Според раководителот на центарот Горан Стојановски, вчера се одржал 15 минутен мирен протест во кој мигрантите барале да бидат пропуштени кон Република Србија.

„За денеска нема најавено никакви протести бидејќи српската граница е отворена и протокот се одвива непречено. Пред малку пристигна воз со 400 мигранти и тие го продолжија својот пат кон Република Србија, - изјави Стојановски.

Во транзитниот центар моментно има 848 бегалци.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk