На Табановце приведен Албанец со фалсификувани патни исправи

25.06.2021 11:32 | KumanovoNews

На Граничниот премин Табановце, вчера, во 17.35 часот, при пасошка контрола на C.M.(32) од Албанија, било утврдено дека фотографијата во патната исправа којa ja приложил не се совпаѓа, односно дека станува збор за друго лице. 

На Табановце приведен Албанец со фалсификувани патни исправи

По извршен преглед кај него била пронајдена и албанска лична карта на име C.M., но не бил пронајден документ со кој би се утврдил вистинскиот идентитет на лицето. 

По извршениот разговор тој за себе дал податоци дека е Г.М.(28) од Албанија, а влез во државата остварил на граничниот премин Долно Блаце вчера, во 15.30 часот, со албанска патна исправа. 

Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk