На Табановце се чека до половина час за влез и излез од државата

19.04.2025 11:04 | KumanovoNews

На граничните премини кон Србија и Грција и денеска има метеж.

На Табановце се чека до половина час за влез и излез од државата

На Табановце кон Србија за влез и излез од државата се чека од 20 до 30 минути, а на граничните премини Дојран и Богородица кон Грција времето на чекање е до 15 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. 

 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

 

 Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

 

 АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk