На Табановце се чека подолго поради црвеното ниво на безбедносен ризик во Србија, велат од МВР

01.07.2024 09:23 | KumanovoNews

Зголемениот временски период на чекање на Граничниот премин Табановце, за влез и излез од територијата на Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Србија, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

На Табановце се чека подолго поради црвеното ниво на безбедносен ризик во Србија, велат од МВР

„Ве известуваме дека граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба“.

Од АМСМ велат дека на граничниот премин “Табановце” времето на чекање за влез во државата изнесува околу 30 минути.

(фото. архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk