На Табановце спречен шверц на 4.5 килограми марихуана

24.12.2015 09:42 | KumanovoNews

Царинските службеници од Одделението за оперативни работи, спречија обид за шверц на околу 4.5 килограми марихуана на граничен премин Табановце.

На Табановце спречен шверц на 4.5 килограми марихуана

При детална контрола, извршена со царинско куче, на Ауди А6 караван со албански регистарски ознаки, управувано од албански државјанин кој патувал со сопругата и двете малолетни деца, во специјално направен бункер во долниот дел од автомобилот, зад задниот браник се пронајдени 3 пакувања наполнети со зелена тревкаста материја. По извршената проверка со тестер за дрога NIK е утврдено дека станува збор за марихуана со тежина од околу 4.5 килограми.

Целокупниот предмет е предаден на Одделението за истраги за понатамошна постапка.

Од спроведените предистражни мерки утврдено е дека дрогата била натоварена во Албанија, област Лушнје и истата била наменета за западно-европскиот пазар. Пријавениот ја транспортирал марихуаната за одреден паричен надомест кој требало да му биде исплатен откако ќе ја предаде на лице во Германија. Вредноста на оваа количина на нарко - пазарот на големо би достигнала до 27.000 евра.

Царинската управа ќе поднесе кривична пријава до надлежното јавно обвинителство, а осомниченото лице ќе биде изведено пред судија на претходна постапка поради постоење на основано сомневање дека осомничениот сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk