Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во неколку одделни случаи царинските службеници, деновиве спречиле шверц на девизи и бои за јајца на граничниот премин Табановце.
7.000 евра се откриени при обид автомобил со македонски регистарски таблички да излезе од државата. Во рачна ташна сопственост на сопатникот во возилото, пронајдени се 9 илјади евра, од кои, согласно законските одредби на патникот му се вратени 2 илјади евра, а останатите 7 илјади евра се задржани.
Вкупно 13.392 производи меѓу кои имало бои за јајца, верски украси и компкат дискови се запленети во два одделни случаи.
Дел од стоката е најден во автобус кој сообраќал на релација Белград - Скопје, а во вториот случај запленета е стока кај српски државјанин кој возел автомобил со германски таблички.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk