Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На граничниот премин Табановце на македонско-српската граница денеска е уапсен поранешниот директор на Царинската управа Драган Даравелски.
„Денеска (10.01.2023) на ГП Табановце е приведен Д.Д., кој се бараше со меѓународна потерница, и ќе биде пренесен во надлежната казнено поправна установа“, соопштија од МВР.
Даравелски се бара по наредба на Основен суд Скопје за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 КЗ на РМ.
Како поранешен директор на Царинската управа кој во 2007 година беше осуден во отсуство на 7 години затвор.
Даравелски живее и работи во Белград, Србија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk