На Табановце утринава осумдесетина мигранти

19.11.2015 09:47 | KumanovoNews

Српските гранични власти ги пропуштаат само граѓаните од Сирија, Ирак и Авганистан кои имаат валидни патни исправи, за жителите на Пакистан, Конго, Бангладеш и оснатаите економски мигранти рампата е спуштена.

На Табановце утринава осумдесетина мигранти

На граничниот премин Табановце на македонско – српската граница, утринава има осумдесетина мигранти, а  синоќа околу 300 бегалци останале да чекаат за влез во Србија. Во текот на ноќта поголемиот дел успејале да ја минат границата .

По терористичките напади во Париз, најавена е засилена контрола на српската граница, односно покриени се сите илегални премини преку кои мигрантите би можеле да поминат без регистрација.

Мигрантите ги фотографираат на српска страна,  им се земаат отпечатоци од прсти, име и презиме. На пунктот Миратовачко поље поставена е контрадиверзиона врата која детектира метал и ласерски ги брои луѓето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk