На Табановце во автобус откриени 13,3 килограми злато вредно 600.000 евра и 30 илјади евра кај возачот

07.08.2022 22:24 | Сузана Николиќ

 На граничниот премин Табановце, на влез во државата, при царинска контрола на автобус откриени се 13,3 килограми злато и 30.000 евра.

На Табановце во автобус откриени 13,3 килограми злато вредно 600.000 евра и 30 илјади евра кај возачот

Автобусот со гостиварски регистерски таблички кој сообраќал на линијата Пореч - Гостивар, поради сомнеж за нелегален транспорт бил пратен на царински терминал. 

„При прегледот со мобилен скенер се воочени неправилности во кровната конструкција, каде е пронајден разновиден златен накит и златни плочки, во правилна и неправилна форма. Непријавената стока – злато со вкупна тежина од 13.304 грама е привремено задржано и предадено на Одделението за истраги за понатамошна постапка. Дополнително при личен претрес, кај еден од возачите беа пронајдени и одземени непријавени 30.000 евра, за кои е изготвен записник за девизен прекршок“, соопштуваат од Царинската управа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk