Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На граничниот премин Табановце царинските службеници спречија шверц на амфетамин.
Во неделата, околу 22 часот за влез во државата се пријавил македонски државјанин. При претрес на возилото во патна торба на задното седиште пронајдени се чорапи наполнети со непозната густа материја со бела боја. Чорапите биле сокриени во ногавици од тренерка, сошиени во поставата.
Од спроведените предистражни мерки и активности, утврдено е дека непознатата материја, со вкупна тежина од 191,67 грама, преставува психотропна супстанција, стимуланс на централниот нервен систем - амфетамин кој е класифициран во листата на забранети опојни дроги и психотропни супстанции.
Покрај лицето кое го управувало возилото, за кривичното дело осомничено е уште едно лице државјанин на Република Македонија. Двете осомничени лица се сретнале во градот Бремен, Германија каде организаторот на транспортот му ја дал патната торба на возачот на автомобилот во која биле сокриени двете пакувања со амфетамин. Возачот требало да ја пренесе торбата со амфетамин во Република Македонија за одреден паричен надомест.
Против сторителите, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори до надлежното Јавно обвинителство во Кумановo.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk