Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Близу седумстотини грама златен накит е запленет на граничниот премин Табановце.
Накитот се обиделе да го прошверцуваат српски државјанини со автомобил „Фиат“ на излез од државата. Тие не го пријавиле златото на царинските работници, но при преглед на возилото, во фабричка шуплина позади касетата пред совозачкото седиште најдени се 110 парчиња златен накит (прстени, ланчиња, нараквици, обетки, привезоци и златни медалјони) со вкупна тежина од околу 662,6 грама.
Осомничените златото го набавиле во Грција со намера да го продаваат во Република Србија. Вредноста на непријавениот златен накит изнесува 1.225.810 денари.
Одделението за истраги при Царинската управа на Република Македонија по документирањето на целиот случај и по прибирањето на сите материјални докази, поднесе кривична пријава против осомничените поради основано сомнение дека сториле кривично дело криумчарење.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk