На Табановце запленета вијагра

18.03.2014 09:06 | KumanovoNews

Поголема количина на лекови за потенција откриле цариниците на граничниот премин Табановце, на македонско-српската граница.

На Табановце запленета вијагра

385 лекови тестостерон, вијагра и камагра се откриени при контрола на личните работи и личен претрес на македонски државјанин, кој се возел во автобус што сообраќал на редовна линија Скопје – Дортмунд. Во тетрапак пакување за сок биле пронајдени 265 ампули инјекции тестостерон, додека во џеб од јакната на патникот и во панталони, елек, чорапи  биле пронајдени 100 таблети вијагра и уште 20 кесички камагра во рачна ташна што патникот ја носел околу телото.

Во неколку други случаи минатата недела царинските службеници спречија шверц на 7000 евра, 71 штека цигари и 350 егзотични аквариумски риби.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk