На Табановце запленети 115 килограми режан тутун

21.07.2015 15:30 | KumanovoNews

Царинските службеници од граничниот премин Табановце – автопат спречиле обид за шверц на 115 килограми режан тутун.

На Табановце запленети 115 килограми режан тутун

Според Царинската управа, синоќа во 23:30 часот на излез од Македонија на граничниот премин Табановце-автопат пристигнало празно товарно моторно возило со српски регистарски таблички, управувано од српски државјанин со иницијали Г.Ј.

Поради сомневање во изјавата на возачот дека нема ништо да пријави за царинска контрола, а согласно критериумите за анализа на ризик, извршена е дeтална контрола на возилото и товарниот дел, при што во кабината под креветот се пронајдени 115 паковки од по 1 килограм режан тутун. Стоката е привремено одземена, а против сторителот е почната соодветна постапка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk