На Табановце запленети 400 вратоврски

12.08.2016 12:31 | KumanovoNews

На граничниот премин Табановце автопат на влез во државата во автомобил со швајцарски таблички откриени се 400 парчиња свилени вратоврски.

На Табановце запленети 400 вратоврски

Непријавените вратоврски пронајдени се во 4 картонски кутии, сместени на задните седишта од возилото и покриени со тенко ќебе. Царинските службеници привремено ги задржале вратоврските а против возачот е поведена прекршочна постапка.      


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk