Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во два одвоени случаи на граничниот премин Табановце запленети се девизи и српски денари.
Царината открила 2,37 милиони српски динари, при контрола на српски автомобил и личен претрес на возачот, кој бил пријавен за влез во државата. Во фиоката за документи, во фабричка преграда помеѓу предните седишта и во рачна торбичка на возачот биле пронајдени вкупно 3,57 милиони динари од кои согласно законските прописи му биле вратени 1,2 милиони динари-протввредност на 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата. Остатокот од 2,37 милиони динари се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.
Во вториот случај се работи за италијански државјанин, кој со својот автомобил излегувал од државата. Тој пријавил дека носи 4.000 евра, а при претрес вово неговата торбичка биле пронајдени 13.800 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 10.000 евра, износ што може слободно да го изнесе од државата, а 3800 се задржани. За сторениот прекршок е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk