На Табановце запленети лекови за пчели

01.10.2010 08:20 | KumanovoNews

 470 пакувања разни лекови за пчели , 109 патент брави и 79 цуцли за вода за добиток, откриени се на граничниот премин Табановце.

На Табановце запленети лекови за пчели

 При царинска контрола на товарно моторно возилo со српски регистарски ознаки, управувано од српски државјанин, пријавено за влез во државата, била пронајдена стоката. Таа била сокриена пред совозачкото седиште, зад седиштата и во фиоката за личен багаж  во кабината на возилото. Шверцуваната стока привремено е одземена, а против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk