На три улици нема вода

09.01.2013 08:55 | KumanovoNews

 Утринава вода немаат граѓаните на три улици во градот од кои две се во центарот, а една во околната населба Игор Тричковиќ.

На три улици нема вода

Вода нема на улиците “Гоце Делчев“ во центарот на градот  и “4 јули“ која се наоѓа близу Монопол. Без вода за пиење се и жителите на улица “14“ во населбата Иго Тричковиќ. Во сите три случаи водоснабдувањето е прекинато заради дефект на водоводните цевки.

Вработени од ЈП“Водовод“ се излезени на терен и работат на отстранување на дефектите, по што снабдувањето со вода треба да се нормализира.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk