На трибина во Куманово функционерите на ЛДП дадоа отчет за сработеното

05.02.2020 13:25 | KumanovoNews

Функционери на ЛДП, кои се дел од законодавната и извршна власт, дадоа отчет за сработеното во нивните институции.

На трибина во Куманово функционерите на ЛДП дадоа отчет за сработеното

На синоќешната трибина „ Размислувај различно – либерално кон Европа“, пред членовите и симпатизери на ЛДП во Занаетчискиот дом во Куманово, се обратија лидерот и министер за локална самоуправа Горан Милевски, Зоран Шапуриќ, директор на Државниот инспекторат за земјоделство, пратеничката Јулиана Николова и Зоран Павловски, државен секретар во Министерството за економија.

- Целта на трибинита е да го посетиме членството и да се потсетиме на нашите либерално-демократски вредности, затоа што кога сте подолго време во коалиција си ги подзаборавате, па затоа е добро да ги реафирмираме. Бидејќи сме при крај на мандатите сакаме секој наш функционер да даде отчет за она што го сработал во изминатиот период и да видиме што како партија ќе понудиме, - изјави Милевски.

  Лидерот ги пофали партиските кадри, истакнувајќи дека е горд на нив, затоа што не се дел од афери со кривични пријави, туку совесно се соочуваат со сите предизвици и чесно ги извршуваат работните задачи во интерес на граѓаните. Како најзначајно го истакна решавање на проблемот со името кој не бил  лесен, потоа НАТО перспективите, законот за стечајци и зголемување на минималната плата. Притоа најави дека во наредниот период како партија ќе се залагаат за решавање на проблемите кои  ги носи урбаното живеење.

- Најголеми проблеми во урбаните средини се урбаната мафија, загадениот воздух, проблемот со вработување. Граѓаните не бегаат од државата само поради сиромаштијата, туку поради тоа што немаат квалитетен живот , - истакна Милевски.

Тој се надева дека ќе продолжи коалицијата со СДСМ и на овие избори, но конечната одлука ќе ја имаат по лидерска средба со коалиционите партии.

- Ние сме да се продолжи со овој реформски пат кој го започнавме и да продолжиме со се она што не е завршано, а сме го ветиле кај граѓаните, но од објективни причини не е направено. Битно е што се отворија можностите, патот кон НАТО, перспективите за членство во Европската унија за да се подобри стандардот за граѓаните и младите да останат тука. Тоа е најважното прашање коешто сите не боли како граѓани и како членови на политички партии, - вели претседателот.

ЛДП Куманово има ново раководство на сите нивоа и заедно со новиот претседател Бобан Бојковски се подготвува да направи добар резултат на изборите, како што било случај и досега.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk