На Водици традиционалната „Пивтијада“ во ресторанот „Грација“

16.01.2023 15:05 | Оливера Пешевска

Во ресторанот „Грација“, во четврток во 12 часот ќе се одржи 21-та традиционална манифестација „Пивтијада“, по повод христијанскиот празник Богојавление - Водици. 

На Водици традиционалната „Пивтијада“ во ресторанот „Грација“

На манифестацијата ќе се одржи натпревар за избор на наjдобра пивтија, ќе се избере кум на прославата,  а за сите гости е обезбеден ручек и дружење со богата културно-уметничка програма.

„Пријавувањето е во тек и на натпреварот можат да се пријават сите заинтересирани граѓани кои сакаат да ја покажат својата вештина во приготвувањето на овој зимски деликатес. Се оценуваат вкусот, соодносот на лук и сол, како се „фатени“, изгледот на пивтијата, белината и бистрината на желатинозната маса“, вели Влајко Стојчевски, сопственик на ресторанот „Грација“ и организатор
на манифестацијата.

Ова година коорганизатор на Пивтијатада е и Здружението „Еко Гард“ од Куманово, а во програмата ќе учествуваат членовите на КУД„Панче Пешев“ и на Здружението на пензионерите од Куманово.

Влезот е слободен за сите кои сакаат да учествуваат или присуствуваат на ова забава, но организаторите ги повикуваат граѓаните навреме да се пријават во ресторанот „Грација“ ,затоа што бројот на местата е ограничен.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk