Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Иде пролет, Вруќа вода ќе облече раскошно зелено руво, мило ќе ни‘ биде да се прошетуваме до Бањата, а уште помило доколку некој поединец или институција го суредат и амбиентот околу чешмата.
Никој веќе не памети која година беше кога, по одлука на еден генерален директор на ФЗЦ ,,11 Октомври‘‘ е направена убавата чешма покрај Бањата на Вруќа вода. Протече многу вода оттогаш наваму низ ,,чепурите‘‘ на чешмата во пластичните билнаци и шишиња на илјадници граѓани - консументи на популарната и благотворна кумановска минералка, а само ретко се случуваше некој да се погрижи и да поправи или да обнови нешто околу објектот. Се служиме сите но никому не ни‘ текнува да се фатиме за џеп. Да ми простите ама, ја користиме чешмата како туѓо магаре што сите го јаваат а никој зоб не му дава. Така работите кај нас стојат кога се во прашање т.н. јавни објекти, по дефиниција - сечии и ничии. Да не трошиме други ,,епитети‘‘ и квалификации за очајот во кој објектов се наоѓа долги години зашто сите знаеме за тоа. Иде пролет, Вруќа вода ќе облече раскошно зелено руво, мило ќе ни‘ биде да се прошетуваме до Бањата, а уште помило доколку некој поединец или институција го суредат и амбиентот околу чешмата. Да не се гнасиме од нејзината руинираност и нехигиена додека зафаќаме менерална вода и си ги замиваме очите за лек (без пари).
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk