Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Основниот суд во Куманово за 2 април го закажа судењето на градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски по обвинителен предлог за злоупотреба на службената положба.
Кривичните пријави ги поднеле сопственици на две кумановски фирми, кои во законскиот рок не добиле решенија за наплата на комуналии за изградба на згради, бидејќи Димитриевски не ги потпишал.
„Во Основен суд Куманово, на 04. март 2024 година, од страна на Основно јавно обвинителство Куманово е поднесен Обвинителен предлог против лицето Максим Димитриевски од Куманово, за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 ст. 5 в.в. со ст. 4 в.в. ст. 1 од КЗ. По прием на предметот во Судот преку автоматска распределба на предмети преку АКМИС системот предметот е распределен за работа на судија“, одговорија тогаш од Кумановскиот суд за Кумановоњуз.
Димитриевки обвини дека против него се води хајка од актуелната власт во предизворниот период. Тој е кандидат за претседател на државата предложен од партијата ЗНАМ.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk