На Зебрњак одбележана 106 годишнината од Кумановска битка

22.10.2018 07:53 | KumanovoNews

 На споменикот Зебрњак, покрај Куманово, вчера се одбележа 106 годишнината  од Кумановската битка и големата победа на српската војска против Турците во Првата балканска војна.

На Зебрњак одбележана 106 годишнината од Кумановска битка

Битката се случила на 23 и 24 октомври 1912 година, а победата значела почеток на распаѓање на Отоманската империја.

На присутните им се обрати амбасадорката на Републикa Србијa, Душанка Дивјак Томиќ.

-  Народите кои немаат историска меморија и не го почитуваат своето минато, немаат ни своја иднина. Зебрњак е споменик кој опоменува. Не смееме да дозволиме да згасне. Да го чуваме во нашето паметење како траен и достоинствен симбол на нашите заедничко минато,- рече во своето обраќање Дивјак Томиќ.

Венци и свежо цвеќе положија делегации од Македонија и Србија, пратеници, владина делегација, српската амбасадорка, градоначалниците на Куманово и Старо Нагоричане, претставници на боречките организации, политички партии, невладини здруженија и граѓани од двете земји.

Според историски податоци во битката загинале околу 700 српски  и 1200 турски војници. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk