Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните да не јадат мрсна храна и да внеруваат повеќе овошје и зеленчук, за да го заштитат организмот за време на високите температури.
Лекарите советуваат граѓаните да конзумираат лесна храна која брзо се вари и да пијат ладна негазирана вода.
- Треба да се конзумираат јогурти кои имаат нисок процент на млечни масти, а масното месо може да се замени со телешко, пилешко месо или риба. Најдобро е да се пие ладна негазирана вода, бидејќи газираните пијалоци го поттикуваат потењето. При тоа треба да се внимава на составот на водата, да содржи што е можно помалку натриум, бидејќи тој го качува притисокот. Луѓето имаат навика кога ќе станат веднаш да се фатат за ѓезве и да варат кафе, но не треба да се претерува со кофеин. Организмот се “буди“ еден час откако ќе станеме и тоа е научно докажано. Меѓу оброци може да се јаде свежо овошје со што ќе се внесат природни шеќери во организмот - велат лекарите од Брзата помош.
На граѓаните им се советува на високи температури да не се изложуваат директно на сонце, а за заштита да користат очила, заштитни креми и лесна облека во светли бои.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk