Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Началникот на кумановската полиција Стојанче Величковиќ, се сомничи за кривични дека Злосторничко здружување и Злоупотреба на службената положба и овластување, поради што судија во предистражна постапка од Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје издал наредба за претрес во неговиот дом.
„Цел на претресот беше пронаоѓање траги на кривично дело или предмети важни за кривичната постапка и нивно одземање. Одземени се предмети што содржат податоци во писмена форма и предмети што содржат податоци во електронска форма, во врска со кривични дела – Злосторничко здружување од чл.394 и Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од Кривичниот законик, како и други кривични дела за кои се гони по службена должност, - соопштуваат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Имајќи ги предвид информациите пласирани во медиумите во врска со преземеното дејствие, особено изнесените информации дека требало да се приведува лицето С.В. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека преземените дејствија согласно издадената судска Наредба се само за претрес на дом, не и приведување на лицето, -додаваат во соопштението.
Упадот на специјалци во куќата на на началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ беше извршен синоќа по 18 часот, по што стотина граѓани се собраа со цел да го сперечт неговото приведување. Причината за претресот се наводни изборни нерегуларности, поткуп со огревно дрво на социјално загрозени семејства во изборната кампања.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk