„Наце Буѓони“ домаќин на прославата за Бадник

05.01.2016 10:25 | KumanovoNews

Средното училиште „Наце Буѓони“ утре во 12 часот, ќе биде домаќин на прослава на Бадник која ја организираат заедно со отсекот за превенција при СВР Куманово.

„Наце Буѓони“ домаќин на прославата за Бадник

Ќе бидат присутни тимови за безбедност од повеќе училишта, ученици, родители, наставници, гости од локалната самоуправа.

Ќе има свештено лице кое ќе зборува за празникот. Ќе има подготвено трпеза со посни јадења и сè што доликува на празникот - рече Лидија Михајловска, директорка на „Наце Буѓони“.

Ова училиште по втор пат е домаќин на прослава за  верски празник, кој ученици од различни националности ќе го слават заедно.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk