“Наце Буѓони“ меѓу најдобрите технички училишта во државата

12.05.2014 14:07 | KumanovoNews

Техничкото училиште “Наце Буѓони“ на 33 - от државен натпревар за електротехнички, машински и сообраќајни училишта во Скопје, постигна високи резултати, со кои трета година по ред е на врвот меѓу најдобрите технички училишта во Македонија.

“Наце Буѓони“ меѓу најдобрите технички училишта во државата

Учениците се натпреварувале во седум дисциплини и освоиле три први и три трети места, како и една пофалница.

Теодор Крстевски електротехничар- енергетичар, Иван Георгиевски електро механичар и Филип Николовски машински механичар освоија први места, а Иван Младеновски техничар за компјутерско управување, Александар Милановски за трудови и Месуд Мустафи машинско енергетски техничар освоија трети места.

  - Ние како училиште сме презадоволни од работата на учениците, менторите и од постигнатите резултати. Ние велиме, не е важно да си прв важно е да се задржиш на врвот. Оваа е најважниот натпревар за техничките училишта во државата кој се организира секоја година, веќе триесет и три години по ред - велат од училиштето.

На натпреварот присуствуваше министерот за образование Спиро Ристовски, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, универзитетски професори и други.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk