“Наце Буѓони“ на регионален натпревар во Штип

26.03.2014 10:05 | KumanovoNews

Ученици од техничкото училиште “Наце Буѓони“ во сабота ќе учествуваат на регионален натпревар во Штип каде ќе се натпреваруваат во областа на стручните предмети.

“Наце Буѓони“ на регионален натпревар во Штип

Тие ќе решаваат тестови, ќе ги покажат своите теоретски знаења од машински и електро предмети. Учениците од 3 годишно образование ќе имаат и практичен дел. Најдобрите од регионалниот натпревар ќе одат на републички натпревар кој ќе се оддржи во мај - рече Лидија Михајловска, директорка на “Наце Буѓони“.

На натпреварот ќе учествуваат ученици од Штип, Кочани, Свети Николе, Крива Паланка и Пробиштип.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk