“Наце Буѓони“ организира дружење за примените ученици

01.07.2015 12:05 | KumanovoNews

Средното училиште “Наце Буѓони“ утре во период од 11 до 16 часот, организира заедничка дружба за учениците примени од првиот и вториот рок во прва година.

“Наце Буѓони“ организира дружење за примените ученици

Вакво дружење за прв пат се организира на територијата на општина Куманово и се очекува да побуди интерес кај младата популација.

“Настанот  има  за  цел  да  овозможи  на  новите  средношколци  од училиштето, да се запознаат меѓу себе на неформален начин преку игри, дружење, музика. Новите  ученици  ќе  земат  учество  на  настан  организиран  од  Училишниот  парламент  на  “Наце  Буѓони”  и  да  се  запознаат  со  професорите  коишто  ќе  им  предаваат  и  ќе  ги водат по патот на науката во претстојните 4 години„ - велат од “Наце Буѓони“.

За сите новозапишани ученици има организиран превоз. Пред 11 часот треба да бидат пред училиштето и заедно да заминат за Орашац.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk