Национален ден на Власите

23.05.2011 08:30 | KumanovoNews

Националниот празник на Власите во Македонија, вечерва свечено ќе се одбележи и во Куманово.

Национален ден на Власите

 Во Градската галерија ќе биде отворена изложба  на слики и предмети од животот, културата и традицијата на Власите во Куманово. Изложбата ќе биде отворена во 19.30 часот, по што ќе следува и културна програма. Манифестацијата ја организира локалната самоуправа во соработка со Народниот музеј.

Припадниците на влашката заедница својот национален празник го прославуваат од 1991 година.

Од пред седум години 23-ти Мај е прогласен за државен празник и неработен ден за сите Власи во Република Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk