Националниот центар на Ромите му врачи плакета на Тимоние

10.04.2019 09:32 | KumanovoNews

Националниот центар на Ромите (НРЦ) од Куманово, по повод Меѓународниот ден на Ромите и 15 години од своето формирање,  на францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, му додели плакета-благодарница за досегашната соработка.

Националниот центар на Ромите му врачи плакета на Тимоние

Во таа пригода, амбасадорот му се заблагодари на претседателот Ашмет Елезовски и на неговата делегација млади активисти. Притоа потсети дека прославата на Меѓународниот ден на Ромите, мора да ја подигне свеста за проблемите на заедницата со цел да се промовира нејзината подобра интеграција во општеството.

Ова, истакна Амбасадорот, исто така значи слободно и транспарентно учество на следните претседателски избори.

Извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски нагласи дека за него претставува огромна чест приемот во Резиденцијата на францускиот амбасадор, заблагодарувајќи се за досегашната помош и поддршка од француската Амбасада.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk