Над 10 кумановци годишно заболуваат од хепатит

28.07.2016 14:51 | KumanovoNews

Од 10 до 12 луѓе секоја година заболуваат од хепатит во Куманово.

Над 10 кумановци годишно заболуваат од хепатит

 Најголем дел од нив се од кумановските села со заразна жолтица од типот А.

„Жолтицата од тип А лесно се регистрира и лесно се дијагностицира во Македонија, но Б и Ц ги откриваме веќе во хроничната фаза кога поминуваат и кога сосема случајно се откриваат. Значи пациентот доаѓа на лекар за едно а се открива друго“, -изјави д-р Розалинда Исјановска, претсавник на невладината организација „Хепта“ на денешната трибина по повод Светскиот ден за борба против хепатитис, во Црвен крст Куманово.

Двата типа на вирусот Б и Ц го оштетуваат црниот дроб што доведува до појава на цироза и до хепатоцелуларен карцином и карцином на црниот дроб, а единствена терапија за цирозата и за карциномот е трансплантација на црниот дроб. Од 2004 година во Македонија задолжителна е вакцинацијата за жолтица Б за сите новороденчиња, која се пренесува преку сите секрети на човековото  тело, а вирусот Ц исклучиво преку крвта.

За да се спречи појавата на заразната жолтица треба да се одржува лична хигиена, да има хигиенски исправна вода за пиење и правилно одлагање на отпадните материи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk